Полицијата спроведе во затвор осуденик за сообраќајка
Објавено: 6 ноември, 2026, во 11:08 часот
Четириесет и едно годишниот велешанец вчера бил приведен од полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес за издржување три годишна казна затвор за сообраќајка по наредба на Основен суд Велес.
„На 05.11.2026 во 13:20 часот полициски службеници од СВР Велес го приведоа С.Г.(41) од Велес. Тој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од 3 години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено поправна установа- затвор Идризово за издржување на казната,“ соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска


