Околу 500 велешани, до денеска, добиле термин и примиле вакцина против сезонски грип
Објавено: 6 ноември, 2026, во 15:03 часот
Во Центар за јавно здравје Велес, кој што е регионален, минатата недела преку Мој Термин обезбедени се по 30 вакцинирања во текот на денот додека неделава термините се двојно зголемени.
Според епидемиологот д-р Бојан Тодоровски, на велешкиот Центар, државата досега му ставила на располагање 1100 дози на корејска вакцина „ГЦ ФЛУ мулти“.
Викендов, нема термини и вакцинирање додека од понеделник, 9 ноември, во Центар за јавно здравје Велес ќе продолжат дневно да се вакцинираат по 60 пријавени граѓани.
Убавка Јаневска


