Премиера на претставата „Медеја“, утревечер, во велешки Театар – коавторски проект на Димоски и Зафирчев
Објавено: 19 ноември, 2026, во 12:41 часот
„Оваа Медеја, без Медеја и за Медеја, го поставува прашањето за чедоморството и сите прашања што произлегуваат од него: во триесет и девет случаи, триесет и девет мајки убиле повеќе од триесет и девет деца, едно од нив неодамна, на скопска адреса, во мајчинска прегратка,“ рече Сашо Димовски.
Тој е еден од авторите во овој коавторски проект заедно со Васил Зафирчев и во продукција на Артема театарска лабораторија Скопје.
Улоги во претставата ги толкуваат Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Илин Јовановски, Никола Петковиќ и Леонида Гулевска.
Композиторот Дарко Спировски музиката ќе ја изведува во живо пред публиката.
Почетокот на премиерата во Народен театар „Јордан ХК Џинот“ е во 20:00 часот.
Убавка Јаневска


