Уролозите Ристов и Точко: Мажите освен на проста да обрнат внимание и на туморите на мочен меур како и камењата во уролошки систем

Објавено: 26 ноември, 2026, во 09:08 часот

Туморите на мочен меур се позастапени кај мажите, најчесто пушачи, во споредба со жените. Освен големината на простатата за што поголемиот број од машката популација во Македонија веќе стекна навика да ја контролира исто така потребно е во ехо прегледите да се побара и снимање на тумори. Раната дијагностика на оваа состојба за што е потребна и цистоскопија како потврда на присуството на тумур.

-Светската статистика покажува дека 64% до 65 % отсто од мажите заболуваат од тумур на мочен меур. Во Македонија нема статистика за оваа болест но најчесто и ние ги поврзуваме со пушењето како и со средината во која живеат односно влијание кое го прави близината на металуршки производствени капацитети како што е велешкиот регион. Мажите кои живеат во близина Не треба мажите да го прескокнураат ехо прегледот, цистоскопијата и ПС маркерот. Препораката би била особено насочена кон возрасната популација на мажи над 54 години кои еднаш годишно би требало да направи ехо преглед, рече д-р Огнен Точко – специјалист уролог на

Според последни статистички податоци во Македонија од 2023 година, исто така, кај мажите во споредба со жените позастапени се и болестите камења во мочен меур, во бубрези, во мочовод кои ги поврзува бубрезите со мочен меур и во мокрачна цевка на излез од уринарен тракт. Дијагностицирани се кај 52,4 % од машката популација наспроти 47,6% кај жените.

-За жал расте и бројот на хоспитализации што од една страна е добро затоа што се решаваат пациентите за помош и да го решат проблемот со калкулоза во здравствени институции. Најчесто опфатена група со калкулоза е на возраст од 51 до 65 години. Среќа е што е болест на повозрасна популација. Но во дијагностиката ги среќаваме и кај многу помлади пациенти иако од 0 до 14 години се откриваат од страна на специјалисти по детска хирурушка урологија а се откриваат и кај адолесцентите, рече д-р Влатко Ристов специјалист уролог на ЈЗУ Општа болница Велес.  

Тој додаде дека Македонија е ендемско подрачје и во факторите на ризик и освен генетските предиспозиции над кои граѓаните немаат влијание ги посочи и исхраната како и водата за пиење. Сепак доброто миење на прехрамбените производи како и конзумирањето на флаширана вода можат да се земат предвид како препораки во средините кои имаат проблеми со загадувањето или недоволно добриот квалитет.

-Затоа се апелира на редовни годишни уролошки прегледи да се спроведе дијагностика и соодветно на медицинските наоди да се превземат соодветни интервенции, додаде д-р Ристов.

Двајцата лекари специјалисти ги запознаа мажите во Велес на едукативно предавање посветено на уролошкото здравје, превенцијата и навременото препознавање на заболувањата, организирано во месец ноември посветен на машкото здравје од велешката граѓанска група „Movember Veles“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.