Пинк ѕвездикчката Трајче Георгиев им порача на своите врсници „Не за дрогата“

Објавено: 12 април, 2016, во 13:54 часот

„Кажи не на дрогата, избери го патот на успехот“. Ова  е пораката што денеска им беше пренесена на ученици од ООУ „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци.

Советот за превенција од малолетничко престапништво и училиштето домаќин реализира уште едно од низата советувања за учениците. Заедно со своите врсници на оваа осетлива тема разговараше и пинк ѕвездичката,  Трајче Георгиев, идиол на младите.

 

Претседателот на советот за превенција од малолетничлко престапништво и инспектор за превенција Димитар Каракулев, рече дека целта е младите да се оттргнат од сите пороци на денешницата, и да ги слушнат примерите на своите врсници кои го избрале патот на успехот.

„Не е лесно да се биде успешен. Потребно е труд и залагање, но кога се сака се е достижно. Изберете музика или спорт, зависно од вашите афинитети, но бегајте од пороците“, им рече идолот на младите,  Георгиев./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.