Четири жртви на Ковид-19 денеска во велешка болница и над половина од хоспитализираните на кислород
08.04.2021
Починати се двајца мажи лекувани во Модуларната болница, едниот на 65 годишна возраст од Велес лекуван три дена и маж на 73 годишна возраст од село Раштани, лекуван седум дена.
Битката со корона вирус ја изгубија и две жени, на 64 годишна возраст од Свети Николе и 85 годишна возраст од село Мамутчево, лекувани на Инфективно одделение.
Во моментов хоспитализирани се вкупно 100 ковид пациенти. Од кои 87 се потврдени позитивни, седум сомнителни и шест пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка 55 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 48 ковид пациенти, на Интерно одделение седум, во Модуларната болница вкупно 41 и на Физикална четворица.
Вчера попладне транспортиран уште еден маж на 61 годишна возраст во Приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје.
Во текот на денешниот ден испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева