Млада жена пронајдена мртва во својот дом во Кавадарци
Објавено: 23 април, 2021, во 13:05 часот
23.04.2021
Вчера, во 17.20 часот во Полициска станица – Кавадарци било пријавено дека во својот дом, на ул.„Вардарска“ во Кавадарци била пронајдена почината Д.В.(41).
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.

Мите Јаначков



