Две тепачки и казни за непочитување на полицискиот час
Сектор за внатрешни работи Велес, информира дека за време на викендот биле пријавени две тепачки на подрачјето коешто го покрива. Првиот физички напад бил пријавен на 2 мај, недела, околу 12:30 часот во кој К.К (61) бил нападнат од О.М (22), во село Уланци, Градско. Втората тепачка била пријавена вчера, околу 13:00 часот, во која И.Т (24) бил физички нападнат од Л.Ч (21) на улица „8-ми септември“ во Велес.
По целосно документирање на двата случаи, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.
Во текот на изминатото деноноќие, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се осум лица од кои едно во Велес, четвроцира во Кавадарци и тројца во Неготино.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, кој трае од 21:00 до 05:00 часот, регистрирани се пет случаи од кои еден во Велес и четворица во Неготино.
Стефани Манева