Судот го прифати обвинителниот акт за „Диво Насеље“

Објавено: 17 декември, 2015, во 10:53 часот

Советот при скопска единица денеска извести дека обвинителен акт за случајот „Диво насеље“ во кој се обвинети 29 лица од земјава и од Косово се одобрува, а приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани.

Во одлуката на судот се вели:

„Советот за оценка на обвинителен акт по детална анализа на наводите наведени во писмените приговори на обвинителниот акт, доставени до судот, како и наводите на обвинетите и нивните бранители дадени на јавно одржаната седница за оценка на обвинителен акт и ценејќи ги фактите врз кои се заснова актот, го одобри обвинителниот акт, а приговорите ги одби како неосновани. Советот смета дека наводите во приговорите претставуваат одбрана на обвинетите, заради што цени дека е потребно да се одржи главна расправа на која во непосредна, контрадикторна постапка истите ќе имаат можност да ја изложат својата одбрана, па по проверка на сите релевантни докази судот да ја утврди фактичката состојба по кривично – правните настани наведени во овој кривичен предмет. По распоредување на обвинителниот акт на надлежен судечки совет за постапување ќе биде закажан термин за одржување на главната расправа за што судот дополнително ќе ја извести јавноста“.

 

Извор: Плусинфо.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.