Прекинато ослободувањето поради горештините
Објавено: 1 август, 2015, во 09:33 часот
Се прекинуваат препораките за ослободување од работни обврски, како и рестрикцијата на работно време за вршење на градежни работи на отворено кои требаше да бидат на сила до 4 август. Ваква одлука донесе Владата.
Министерството за здравство соопшти дека препораките се укинуваат поради најавата од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи дека во следните три дена ќе има намалување на температурите во цела држава.
Надлежните служби ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата и да преземаат мерки согласно временските услови.
