Трибина на владејачката партија во Неготино

Објавено: 29 април, 2015, во 14:35 часот

На граѓаните им се потребни нови работни места, поцисоки пензии, инфраструктурни проекти, а не деструктивни сценарија и монтирани разговори. Ова го порачаа говорниците на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ пред жителите на Неготино.

Јасен е одговорот кој граѓаните но и власта ќе го дадат во однос на актуелните случувања во земјава.

” ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија нема да му дозволат на Заев ниту на било кој да ја дестабилизира државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе им го врати мирот на граѓаните и нивното спокојство и ќе продолжи да ги решава реалните проблеми на граѓаните – изјави вицепремиерот Зоран Ставревски.

Нема да успее намерата на опозицијата да влее страв меѓу граѓаните и да ја дестабилизира земјата, порача министерот за труд и социјала Диме Спасов.

Мерките за подобрување на стандардот на секој граѓанин интензивно ќе продолжат во следниот период.

Проектот ” Македонија вработува ” ќе вроди со резултат, исто како што вроди мерката за вработување на млади во нашата држава. Со оваа мерка за само една година успеаа да се вработат над 8000 млади луѓе” изјави Диме Спасов.

Со многу работа оваа Влада успеа да го надомести загубеното од времето на СДСМ, рече пратеникот Владимир Ѓорчев.

На трибината говореа и градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов и пратеничката Благородна Бојаџиева кои се осврнаа на повеќе од 100те реализирани проекти.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.