Протест на студенти,професори, средношколци…На ред стигнаа и наставниците!
Објавено: 20 март, 2015, во 07:18 часотНаставниците по примерот на своите ученици одлучија да го кренат својот глас на незадоволство. И тие в недела излегуваат на улица, на мирен протест пред Министерството за образование и наука уште еднаш гласно да им порачаат на надлежните дека за квалитетно образование се потребни исто толку квалитетни законски решенија креирани од најзасегнатите- професорите и учениците.
Од Наставничкиот пленум велат дека проблемите се долгогодишни, но сеуште нерешени. 
Чашата ја прелеал последниот договор на Синдикатот за образование и Министерството за образование околу казните и наградите од екстерното оценување, водењето на самиот процес на преговорите како и лошите реформи во образованието, кои според наставниот кадар, години наназад го рушат дигнитетот на една од најблагородните професии-“учителствувањето”, пишува Фактор.мк.
Според наставниците, учениците на вчерашниот протестен марш покажале дека проблемите се реални, присутни и пред нив не смеат да замижуваат, ниту замолчуваат. Татјана Димовска,професор по француски јазик во С.У.Г.С “Раде Јовчевски Корчагин” и член на Наставничкиот Пленум, за Фактор вели дека безрезервно ги подржува своите ученици во нивните аргументирани ставови и очекува иста таква чиста и конструктивна борба и од своите колеги. Таа беше заедно со учениците на протестот, бидејќи вели, таму и природно припаѓа, меѓу своите деца. Според неа, последните спогодби на синдикалното раководство и со години наталожените образовни проблеми, се прави директна штета на учениците и професорите.
“Со оваа спогодба, не само што не се одговори на клучните барања на наставниците , туку овој концепт на екстерно тестирање е штетен и за учениците. Искуствата од останатите земји, зборуваат дека истото никако не смее да биде единствен инструмент со кој ќе се вреднува работата на наставникот. Згора на тоа останува оценката од екстерното да влијае врз крајниот успех на ученикот , што не е добро за неговото запишување во повисок степен на образование. На ова би додала дека со ваков погрешен концепт, веќе наредната година мал дел од наставниците ќе бидат наградени со поголема плата, поголем дел околу 90 % ќе бидат казнети со обуки за оценување и дел од нив ќе немаат никаква можност за напредување”- вели професорката Димовска.
Текстот во целост прочитај го тука.
