Ципрас го претстави кабинетот
Објавено: 28 јануари, 2015, во 07:27 часот
Грчкиот премиер Алексис Ципрас го претстави кабинет од ветерани во борбата против штедењето и ја прекина приватизацијата на најголемото грчко пристаниште, сигнализирајќи намера да се придржува кон предизборните ветувања, покрај предупредувачките истрели кон еврозоната и финансиските пазари, коментира Reuters.
Грчките пазари доживеаја втор ден мешаница во кој акциите на банките продолжија да паѓаат, а инвеститорите стравуваат дека со противењето на спасувачката програма владата може да влезе во конфронтација со кредиторите на земјата од ЕУ и ММФ.
Ветувајќи ништење на буџетските кратења и реконструкција на огромниот долг на Грција , левичарската партија на Ципрас Сириза ја освои власта на предвремените парламентарни избори во неделата во позадината на незадоволството против поддржани од Германија рестриктивни политики кои ги зголемија сиромаштијата иго оставија секој четврти Грк без работа. Во кабинетот на министри е економистот академик Јанис Варуфакис, кој беше утврден за министер за финансии. Портфолиото на одбрана отиде за Панос Каменос, лидерот на десничарската партија “Независни Грци”, која е помалиот коалициски партнер во коалицијата на Ципрас.
Една од првите одлуки, објавени од новата влада, е запирањето на планираната продажба на 67 отсто државен удел во пристаништето во Пиреја, усвоено согласно условите во меѓународната спасувачка програма и за која кандидатите се кинеската Cosco Group и четворица други потенцијални купувачи.”Договорот со Cosco ќе биде разгледан во корист на грчкиот народ”, рече Теодорис Дритсас, заменик-министер задолжен за превозот. Пред изборите Сириза најави дека ќе престанат со продажба на државни средства, дел од договорот за финансиска помош за Грција во износ од 240 милијарди. евра.
Друг потег на владата ќе стане откажувањето на некои кратења меѓу вработените во јавниот сектор, рече заменик-министер задолжен за административната реформа. Варуфакис веднаш почна да прави спасувачката програма .Откако положи заклетва сепак тој изјави дека владата ќе биде конструктивна.”Ние ќе започнеме преговори со нашите партнери”, изјави тој за новинарите.”Ова е голема шанса, но предизвикот е како да се минимизираат социјалните штети кои се непотребни насекаде во Европа”, рече тој. Првата седница на новиот кабинет се очекува во 10,30 часот.
Извор: Локално.мк
