На суд за пушење цигари во угостителски објект
Објавено: 5 февруари, 2014, во 12:42 часот
На суд ќе завршат пет велешани кои синоќа биле фатени како пушат цигари во угостителски објекти во Велес. Ги откриле инспектори на полициската станица и Управата за јавни приходи во акциска контрола што ја спровеле во повеќе угостителски објекти.
Акцијата почнала во 19 часот и завршила триесеттина минути пред полноќ. Во неа била надгледувана состојбата со почитувањето на Законот за заштита од пушење во велешките ресторани и кафетерии.
Инспекторите на лице место им напишале записник на пушачите. Бидејќи го прекршиле законот денеска против нив ќе бидат поднесени прекршочни пријави до Основниот суд во Велес. /Б.Н
