СДСМ: Три милиони евра од власта за семејството на Латас

Објавено на 1 февруари, 2014 во 16:29

Фирма во сопственост на семејството на уредникот на телевизијата Сител, Драган Павловиќ Латас добила тендери од општините во вредност од 3 милиони евра, во последните 3 години, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Според него, ова претставува  основан сомнеж за „директна корупција од страна на власта на Никола Груевски“. “

Конкретно, фирмата Елтра ДООЕЛ Скопје, со која што управува сопругата на братот на Павловиќ Латас, од општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2011 до 2013 година, добила тендери тешки неверојатни околу 2 милиона и 900 илјади евра”рече портпаролот на опозициската партија.

Тој дополни дека фирмата генерално добивала тендери од градоначалниците Коце Трајановски, Ивица Коневски, Тони Трајковски и Стевчо Јакимовски, а времето кога се доделувале овие тендери било или пред или по изборите во изминатите три години.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.