Екологистите не го даваат националниот парк Маврово

Објавено на 23 јануари, 2014 во 16:33

Екологистите не отстапуваат од барањата да се стопира изградбата на хидроцентралите Луково Поле и Бошков мост. Велат, наместо пари за хидроцентрали во национални паркови, да се инвестира во Чебрен и Галиште, јави 24 Вести.

Екологистите сметаат дека приоритет треба да биде вложувањето во енергетска ефикасност и нови обновливи извори на енергија, но при тоа мора да се внимава на еколошките стандарди и особено зачувувањето на националните паркови.

Ниту апелите од Мавровчани, ниту петицијата на жителите од Дебар со пораката „Спасете ја реката Радика“, не ја предомислија Владата да се откаже од проектот кој е меѓу приоритетните кои треба да бидат готови до 2016 година.

Пред неколку дена протести против изградбата на хидроелектраната Луково поле имаше и во Тирана каде претставниците на граѓанските асоцијации од албанската влада побараа да не даде согласност за македонскиот проект, кој е неопходна поради течението на Радика.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.