Заврши бербата на грозјето, почна исплатата
Објавено: 22 октомври, 2013, во 16:23 часот
Ќе живнат лозарите, откако ја завршија годинашнава берба на грозје. Запишуваат во историјата успешно завршен гроздобер. Дел од винарските визби веќе започнаа и да плаќаат за откупеното грозје. Лидерот на лозарите со оценка дека хаосот кој владееше во лозарството полека се средува.
„ Конкуренцијата во винарскиот бизнис си го прави своето. Отворањето на неколку нови винарници во регионот придонесе винарите да го стават прстот на главата и да гледаат што побргу да го платат откупениот род оти само така ќе ја стекнат довербата кај лозарите“ рече Аризанов.
Според неговите информации, дел од визбите при исплатата давале предност на откупеното грозје од сортата смедеревка.
