„Во лето користете велосипед“!
Ваква е пораката од кавадаречката полиција до граѓаните по извршената превентивна акција во која целна група беа велосипедистите.
Образложението за ова порака е дека со возењето велосипед имаме двојна придобивка, со физичката активност имаме позитивно влијание врз здравјето, а од друга страна ја зачувуваме животната средина.
Во рамки на превентивната акција , полицијците од одделот за превенција им ги покажаа на велосипедистите правилата за учество во сообраќајот, а на возачите им беше укажано дека треба да покажат поголемо внимание кон оваа категорија учесници во сообраќајот.
„Сообраќајните правила се еднакви за сите. Казни има и за велосипедистите. Оваа акција е превентивна и целта е да се допре до свеста на граѓаните“ рече инспекторот за превенција, Диме Крстев и упати апел до велосипедистите, будно да ги почитуваат правилата во сообраќајот./А.Д