Најмногу пестициди имаат јаболката а најмалку кромидот!
Треба да се лупи кората и детално да се мие овошјето и зеленчукот со најмногу пестициди но никако не треба да ги избегнувате бидејќи нивните здравствени својства ја надминуваат штетноста на хемикалиите.
И покрај миењето на околу 67 насто од зеленчукот и овошјето ќе останат траги од пестициди, пишува во извештајот на непрофитабилната американска организација Environmental Working Group (Работна група за околина).
Во деветтиот годишен извештај по ред експертите го објавија пописот на овошје и зеленчук во кои има најмногу и најмалку пестициди пишува Huffington Post.
Во кората на јаболкото убедливо се наоѓаат најмногу хемикалии а следуваат целерот, шери доматите и краставиците. Меѓу производите со најмалку пестициди се пченицата, кромидот и грашокот. Резултатите на студијата ги потврдило и американското Здружение за храна и лекови FDA.
Пестицидите се поврзуваат со здравствените тегоби особено со развојните проблеми кај децата. Сепак изложеноста не пестициди не е доволна причина за да ги избегнувате овошјето и зеленчукот. Најдобро што можете да направите е да го изберете она од органско производство, советуваат експертите. Исто така добро е да се излупи кората бидејќи така ќе се ослободите од хемикалиите.