Трикови за убави нозе на секоја возраст!

Објавено: 15 април, 2013, во 09:00 часот

За убави, цврсти и здрави нозе сонува секоја жена а во пролет и лето на нозете треба да им се посвети  поголемо внимание. Целулит, болни и уморени нозе, проширени вени тоа се проблеми со кои се среќаваат жените во различни периоди од животот па еве неколку совети како да се избегнат или барем да се ублажат.

Пет корисни совети за убави нозе :

1. Редовно практикувајте физичка активност. Убаво е да одите на прошетка секогаш кога за тоа ќе имате можност. Пливањето или возењето велосипед можат да ви помогнат без многу напор да го зајакнете тонусот на мускулите на нозете и да го намалите целулитот.

2. Не ги држете нозете една преку друга долго време. Така прекрстени нозете, ги стеснуваат капиларите и овозможуваат собирање на прекумерна течност и крв во вените. Во колку не можете да седите без да ги прекрстите нозете, обидете се на неколку минути наизменично да ја менувате ногата која е горе.

3. Често менувајте ја положбата. Избегнувајте го долгото стоење или седење во иста положба.

4. Избегнувајте да бидете изложени на премногу топлина. Топлината е еден од најголемите непријатели на вените, бидејќи доведува до нивно ширење, избегнувајте туширање со врела вода а во летните месеци немојте цел ден да се пржите на плажа.

5. Јадете здрава и лесна храна. Прекумерната тежина може да го зголеми притисокот во нозете и на тој начин да се отежни протокот на крвта во срцето. Избегнувајте да јадете солена храна и слободно консумирајте производи богати со влакна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.