Цивил: “Бројни нерегуларности во кампањата“!

Објавено: 19 март, 2013, во 22:21 часот

Граѓанската „Цивил“ во првата половина од изборната кампања регистрирала голем број нерегуларности. Денеска информираа дека имало зострена политичка реторика, ветувања  за предизборни вработувања,  уценувања и поткупување на гласачи.

„Уште по загрижувачки  е што кандидатите за градоначалници и партиските лидери меѓуетничките односи ги злоупотребуваат за добивање политички поени. Цивил доаѓа и до сознанија дека кај граѓаните има голем страв дека тајноста на гласањето може да биде нарушена.Слична ситуација и кај медиумите. На дело се покажа црната кампања велат од Цивил. Забележан е говор на омраза кај најголем дел од телевизиите и весниците“ рекоа од „Цивил“.

Невладиниот сектор стравува и од можни инциденти на денот на изборите. Особено ги посочуваат Кичево и Струга за каде имаат сознанија дека помалите етнички заедници се под силен притисок на поголемите./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.