Падна Владата на Федерацијата БиХ!
Објавено: 13 февруари, 2013, во 10:27 часот
На вонредна седница на Претставничкиот дом на парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина, владата на Федерацијата БиХ не доби доверба од пратениците.
Иницијативата за изгласување недоверба на владата на Федерацијата БиХ ја покренаа Социјалдемократската партија на БиХ на премиерот на Федерацијата, Нермин Никшиќ, Сојузот за подобра иднина, Хрватската демократска заедница на БиХ и ХДЗ 1990.
Тие бараа гласање тврдејќи дека владата на Федерацијата БиХ „не го одразува актуелното мнозинство во парламентот“.
Нермин Никшиќ изјави дека моменталниот состав на владата што ја предводи тој не одговара на составот на парламентарно мнозинство во парламентот на Федерацијата БиХ, па владата нема капацитет за носење важни одлуки.
Никшиќ изрази очекување дека претседателот на федерацијата БиХ Живко Будимир ќе постапи според заклучокот на Претставничкиот дом на парламентот на Федерацијата БиХ и дека што поскоро ќе покрене процедура за именување нова влада.
Извор: Дојче Веле
