Софија Манева со спот за „Тишина“
Објавено: 1 февруари, 2013, во 13:34 часот
Од неодамна пејачкатa Софија Манева се врати на македонската сцена со нејзиниот нов албум „Тишина”. На нејзиниот нов сингл од истоимениот албум „Тишина” работеа Перо Манев, Тони Соколов – Цока и Софија Манева, додека режисер на спотот е Пепи Ангелов.
Спотот е сниман на повеќе локации во градскиот парк во Кавадарци, а во него учествуваат и членовите на групата Епидемија од Неготино. Снимањето на спотот се очекува да заврши кон крајот на февруари.
Овде можете да ја слушнете песната:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=FnV0a-B2-hw|308|200|0{/youtube}


