Македонци, честит Илинден

Објавено: 2 август, 2017, во 07:45 часот

Денеска е голем ден, ден над деновите, ден на нашата македонска самобитност. Денеска е Илинден. Голем и светол празник за секој Македонец. Со гордост го празнуваме, а и со гордост се сеќаваме и им оддаваме почит на сите оние кои на овој ден во 1903 година, во Крушево го кренаа својот глас против вековното турско ропство и ја започнаа борбата за слободна Македонија.

Во историографските податоци е запишано дека во Крушево во Илинденското востание учествуваа и три чети од Велес со над 180 комити. Во одбраната на илинденската Република, прва создадена на Балканот, учествувале четите на велешките војводи Јован Наумов Алабакот, Андреја Димов Докурчев и Тодор Христов- Офицерчето. 

 

На фотографијата, од 1950 година, се фотографирани 25 комити кои се бореле и успеале да останат живи за да раскажат како своите идеали ги втемелиле во создавањето на Крушевската Република.

Денеска, на овој голем празник, потомците им се поклонуваат и заблагодаруваат за пожртвуваноста и истрајноста за создавање на слободна Македонија.

За многу години Илинден.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.