Тргна репарираниот воз!

Објавено на 22 декември, 2012 во 22:23

Шест нови возови за Македонски железници ќе се купат следната година, а ќе се продолжи и со репарирање на постоечките.

Ваква  најави денеска изнесе министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој  заедно со директорите на МЖ „Транспорт“, Оливер Деркоски и на МЖ „Инфраструктура“, Ирфан Асани, ги користеа услугите на новиот целосно репариран воз кој сообраќа од Скопје до Битола.

 

“Ќе набавиме шест нови возови, четири дизел и два електро и ќе продолжиме со репарирање на веќе постоечките со цел возниот парк на АД „Транспорт“ да биде целосно реновиран и ставен во функција. Се работи за некаде од 12 до 15 вакви возови. Се надеваме дека тоа ќе го постигнеме до 2014-2015 година. Целокупната инвестиција е околу 100 илјади евра“, рече Јанакиески.

Годишно во  Република Македонија се превезуваат еденипол милион патници, а најмногу патници  има на релацијата Скопје-Велес или околу 700 илјади, на релацијата Скопје-Битола над 300 илјади и останатите се во другите правци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.