Чистка за глодарите!
Заштитата се спроведува во Кавадарци. Акција имаше и ланската есен.
Дератизацијата се спроведува со тоа што се фрлаат мамци за унишување на глодарите во градските шахти. Деновиве во нив се фрлени над 7500 мамци.
Од локалната самоуправа велат дека ваквиот начин за заштита е ефикасен и искуството од лани покажало одлични резултати.
“Целта на акцијата е почисто Кавадарци. Од буџетот издвојуваме 300.000 денари. Работите ги извшува овластената фирма за вакви активности “Лиса Ком“ од Кавадарци,“ рекоа од локалната самоуправа.
Дератизацијата како мерка има за цел да им помогне на граѓаните и да ги спаси од штетата што глувците можат да ја направат во домовите во кои најчесто влегуваат преку канализационата мрежа. Се спречува и ширењето на заразните болести бидејќи глодарите се природни преносители на заразни болести. Се очекува да се уништат голем број на глувци, на кои градската канализација им е природно живеалиште.