УНДП: Кавадарци и понатаму ќе ја добива нашата подршка
Општина Кавадарци доби уверување дека и во наредниот период ќе добива подршка во проектите за развој од страна на УНДП.
Преку програмата на Обединетите нации и досега во оваа општина се реализирани повеќе проекти кои се од големо значење за кавадрчани.
Денеска заменик постојаниот претставник на УНДП во Македонија Алесандро Фрачасети беше во работна посета на општината за да се запознае со се она што досега го финанисирале и да ги продолжи контактите со локалната самоуправа, бидејќи Фрачасети е нов на оваа функција во УНДП.
Градоначалникот Александар Панов му ја престстави личната карта и искажа голема благодарност за подршката што секогаш ја добива Кавадарци и со помош на парите од оваа програма се изградени значајни проекти за развојот на општината.