Холанѓанка пронајдена мртва во хотел во Охрид
Објавено: 6 октомври, 2017, во 10:46 часот
Седумдесет и двегодишна жена од Амстердам, Холандија е пронајдена мртва во хотел во Охрид.
Случајот во полиција бил пријавен вчера околу 10 часот. Жената била пронајдена почината во хотелската соба во која престојувала.
На нејзиното тело немало траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди причините за смртта.
