Новиот градоначалник на Неготино и советниците ги добија уверенијата од ОИК

Објавено: 24 октомври, 2017, во 11:50 часот

Новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков и новоизбраните советници во неготинскиот совет денеска ги добија уверенијата од општинската изборна комисија.

Диме Витанов како носител на листа за советници од СДСМ и коалициските партнери го честиташе изборот на Тони Делков за градоначалник на општина Неготино и изборот на советници во Советот на општината. Се заблагодари на Општинската комисија за спроведување на изборната постапка во фер и 

демократска атмосефера.

„Благодариме на сите граѓани за укажаната доверба, единствено што можеме денес да порачаме е дека ќе направиме напори Неготино да биде општина со која што сите ќе се гордееме – нагласи Делков.

Љупчо Пасинечки, советник од ВМРО-ДПННЕ, исто така го честиташе изборот на советници и на Делков за градоначалник.

„Се надевам дека во наредниот четиригодишен период ќе го направиме Неготино подобро место за живеење на сите граѓани на општината – рече тој.

Честитајќи го изборот, претседателката на Општинска изборна комисија Нетка Веселинова им посака успешна работа во наредните четири години.

„Да се потрудиме сите заеднички да направиме една подобра и поуспешна општина“ порача градоначачникот Делков.

Примопредавањето на функцијата градоначалник најавено е да се случи во текот на утрешниот ден./А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.