Облачно со магла во котлините и дневна температура до 14 степени

Објавено: 14 декември, 2017, во 09:01 часот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец, кој во северозападните подрачја, особено на планините повремено ќе засилува.

Температурата ќе се движи до 14 степени .

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе достигне до 11 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а се уште ќе има и појава на магла по одделни котлини. Под влијание на нов влажен бран в сабота и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови.

Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а в недела врнежи од снег може да има и на некои повисоки места. В сабота ќе дува засилен јужен ветер, а од недела под влијание на северно воздушно струење температурите ќе бидат во опаѓање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.