Изградба на нови 1.100 домови за доселеници во Западниот брег
Објавено на 11 јануари, 2018 во 09:54
Израел одобри планови за изградба на повеќе од 1.100 нови домови за доселеници на Западниот Брег – палестинска територија, окупирана од израелската армија. Ова денеска го соопшти организацијата „Мир сега”, која се бори против колонизацијата.
Постапката за одобрените 1.122 живеалишта е на различни стадиуми – за 352 од нив е добиено зелено светло и изградбата генерално може да почне, а останатите 770 за првпат се потврдени.