Дневен хороскоп за 1. јули
Овен
Се залажувате и себе и другите дека можете да ги скриете емоциите. Сè ќе се види на вас, затоа држете се настрана од ситуации што предизвикаат дискусии за кои сè уште не сакате да зборувате. Ако имате впечаток дека љубовната ситуација е нејасна или напната, обидете се да бидете првиот што ќе отвори скокотливи теми.
Бик
Повеќе ќе се дружите, ќе имате можност да се сретнете со нови личности поточно со вистинската личност која ви одговара и со која ќе имате совршена хармонија. Ќе имате ситуации кога ќе се чувствувате сами и како сите да ви свртеле грб, но и тоа ќе го надминете. Може да очекувате позитивна можност за деловен напредок.
Близнаци
Среќата е на ваша страна, а ова ќе ви помогне да го проширите кругот на пријатели. На работното место ќе имате можност да ја покажете способноста за работа во тим. Во љубовта, сакате партнерот да ги задоволи вашите потреби. Кажете му што сакате и што очекувате од него.
Рак
Немате доволно концентрација на работа и дури и основните обврски тешко ви паѓаат. Дојдовте до носењето на важни одлуки. Сега е моментот кога вашата врска ќе напредува. Му поставувате големи барања на партнерот. Направете емотивна дистанца и повторно погледнете ја вашата врска од различни аспекти.
Лав
Имате впечаток дека соработниците се против вашите идеи и затоа се повлекувате во себе извесно време. И покрај тоа што сакавте стабилна врска, на крајот ќе се премислите. Постепено сфаќате дека вашата слобода е поважна за вас. Се чувствувате навистина добро во својата кожа. Имате силна самодоверба.
Девица
Вниманието посветете го на некоја тема или на личност која буди позитивно расположение. Сакате да направите позитивни промени на деловно поле, но свесни сте дека не можете да го постигнете тоа сами. Сакате да ги решите проблемите со саканата личност и да живеете нормално. Се оптоварувате со големи амбиции.
Вага
Денес ќе ги засадите семињата на брилијантна идеја, но тие ќе дадат плод многу побрзо доколку се обедините со истомисленици. Престанете да правите сè сами и здружете се со луѓе кои трчаат кон истата цел како вас. Вашата интуиција ќе ве одведе кон специјална личност со која ќе создадете прекрасен сојуз.
Скорпија
Ако имате големи планови за напредок во деловните активности, ќе можете да ги постигнете, но полека – чекор по чекор. Вие сте подготвени целосно да се препуштите на чувствата што ги имате. Пред вас е шанса да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Ви претстои еден убав, позитивен период.
Стрелец
Денес ќе бидете најпозитивното лице во работното опкружување, лидерот кој сите сакаат да го следат. На колегите ќе им биде вистинско задоволство да работат со личност како вас. Очекувајте комплименти. Поминете квалитетно време со колегата кој постојано ве кани на пијалак. Тој има потреба од вашите совети.
Јарец
На емотивно поле, другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите грижи и проблеми. Бидете отворени и не носете заклучоци. Ако не е сѐ идеално, приспособете се и бидете природни. Оние пред кои ќе се најде некаков договор, добро нека го анализираат секој детаљ, па ќе видат дека не е целосен.
Водолија
Направете обид сѐ да завршите денес, утре ќе биде ден за одмор. Еден проект со денови ве мачи. Треба да се доработи, дополни. Од утре ве чека нов почеток, нови предизвици. Тајно страдате по некого. Нема причина да се однесувате супериорно во друштво на блиска личност. Потребно е да разберете нечија емотивна слабост.
Риби
Групните активности ќе му годат на вашето его, па денес немојте да се изолирате. На работното место ќе ги одредите вашите приоритети и конечно добро ќе си го организирате времето. На емотивно поле ќе имате одлична можност да го покажете вашиот шарм. Ако сте сингл, направете го првиот чекор.