Словенечките пожарникари пристигнаа во Македонија
Директорот на Дирекцијата за заштите и спасување, Беким Максути утрово ги пречекал словенечките пожарникари, кои се испратени како помош за справување со огнената стихија во земјава.
-Денеска во граничниот премин табановце директорот на ДЗС, го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Р. Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила. Во координација на ДЗС конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот, соопштија од ДЗС.
Словенија испрати 46 припадници на цивилната заштита специјализирани за гаснење пожари со 16 возила, стои во вчерашната објава на официјалниот Твитер профил на словенечката влада.
Поддршката доаѓа во моменти кога неколку земји-членки на ЕУ обезбедуваат опрема и им помагаат на Италија, Грција, Албанија и С. Македонија да се борат со катастрофалните пожари, вклучително со противпожарни авиони и хеликоптери.