Разбиена организирана криминална група во Неготино, кривична пријава за четири лица и одреден притвор
Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за економски криминал и корупција и Секторот за општ и насилен криминал, во координација со Оддел за специјални полициски операции на СВР Велес, вчера ги лиш од слобода П.М.(22), Д.П.(23), Ј.К.(21) и В.З.(24), сите од Неготино. Четворицата неготинци се сомничат за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“, „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување на општа опасност“.
Во домовите на осомничените биле пронајдени повеќе предмети од извршените кривични дела. Претресот бил направен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци.
„Четворицата пријавени давале пари на заем со писмени и усмени договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати, со цел противправно да се стекнат со материјална корист. За да ја постигнат целта користеле закани, физичка сила, а на 09.08.2021 запалиле и патничко возило, со што предизвикале пожар и општа опасност по околината,“ пишува во соопштението на СВР Велес.
Против нив е поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кавадарци по чл.260, чл.258, чл.144 и чл.288 од Кривичниот законик, а од страна на Основен суд Кавадарци им е одредена мерка притвор.
Убавка Јаневска