За една недела со прва доза вакцинирани 2.352 граѓани во ЈЗУ Здравен Дом Велес
Интересот за вакцинација и заштита против коронавирусот кај граѓаните не се намалува, секојдневно тече со исто темпо. На двата пункта во ЈЗУ Здравен Дом Велес во текот на претходната недела биле аплицирани вкупно 2.352 први дози од вакцините „Фајзер“ и „АстраЗенека“за лица постари од 60 години и 930 втори дози од вакцините „Синовак“ и „Фајзер“. Додека во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ биле ревакцинирани 880 граѓани со вакцината „АстраЗенека“.
-Секојдневно расте интересот за вакцинација како кај помладите така и кај повозрасните граѓани. Во текот на вчерашниот ден на двата пункта во ЈЗУ Здравен Дом Велес беа аплицирани 313 први дози од вакцината „Фајзер“ и „АстраЗенека“ и 21 граѓани беа ревакцинирани, рече Д-р Марина Тодоровска од службата за имунизација.
Теренската вакцинација ќе трае уште оваа недела. Претходната недела на терен биле ревакцинирани 353 граѓани. Од ЈЗУ Здравен Дом Велес, додаваат дека продолжуваат и со вакцинација во домашни усови за тешко подвижни, неподвижни и изнемоштени лица.
На 30 и 31 август, понеделник и вторник, пунктот во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ ќе работи вонредно за ревакцинација на граѓаните со вакцината „АстраЗенека“.
Стефани Манева