Три починати велешанки од Ковид-19
Објавено на 14 ноември, 2021 во 17:16
Три жени на возраст од 69 години, 72 години и 81 година починаа во изминатите 24 часа во велешка болница како последица на коронавирус. Две од нив се лекуваа на Инфективно одделение и една во Модуларна болница.
Денеска во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 50 пациенти. Од нив 41 се позитивни, за четворица се очекуваат резултати од тестирање додека пет пациенти се со по еден негативен тест но сеуште им треба здравствена грижа и нега.
На кислородна поддршка се 17 пациенти.
Најголем број од пациентите се на лекување во Модуларна болница поточно 21, на Инфективно одделение 19 додека на Интерно одделение болнички се згрижени 10 пациенти.
Убавка Јаневска