Сарафов: Пронајдено е тело на дете, вкупно загинаа 45 патници
Објавено на 26 ноември, 2021 во 13:10
Во опожарениот автобус кај Струма е пронајдено 45-то тело.
Ова се случило при повторен преглед на возилото, вели за НОВА заменик главниот обвинител и началник на Националната истражна служба Борислав Сарафов.
„За жал, мистеријата е решена. На увидот се пронајдени останки од дете. Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, 45 лица биле пронајдени во опожарениот автобусот, а седум се на лекување во Пирогов “, рече тој.
Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот се упатени во Скопје ќе останат таму најдоцна до недела.