„Добредојде во семејството Бајден“: Белата куќа доби нов член (Фото)

Објавено на 31 јануари, 2022 во 12:08

Американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека мачка по име Вилоу е нов член на Белата куќа, при што посака добредојде.

„Добредојде во семејството Бајден, Вилоу!“, напиша американскиот лидер на својот Твитер профил.

Според пишувањата на медиумите, таа има две години.

Според портпаролот на американскиот претседател Мајкл Ларос, Бајден за прв пат ја видел мачката кога таа го прекинала неговото предизборно обраќање во 2020 година во Пенсилванија, скокајќи на бината.

„Вашингтон пост“ пишува дека Вилоу е првата мачка во Белата куќа од 2009 година. Дотогаш, Белата куќа беше дом на индиска мачка, чиј сопственик беше поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.