Лишени од слобода две лица, бесправно сечеле огревни дрва во село Степанци
Објавено на 6 април, 2022 во 12:16
Полициски службеници од одделение Чашка, на 4ти април, во село Степанци, општина Чашка, ги лишеле од слобода четириесет и едно годишниот Е.А и дваесет и три годишниот И.Џ, двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на бесправна сеча на огревни дрва од туѓа шума.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека кај нив биле пронајдени 2.1 кубни метри дабови огревни дрва кои им биле одземени.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик.