Нова победа на ФК „Превалец“
Во натпревар од 16 тото коло на третата фудбалска лига-југ, на гостувањето во Кривогаштани, екипата на „Превалец“ славеше победа над домашната „Младост“ со резултат 3:6. По првите 45 минути велешани имаа предност од 5:1 и победникот беше решен.
Стрелци на головите за „Превалец“ беа: Иванче Давитков и Пеце Стојанов по два, Боби Дукадиновски и Антонио Чоков по еден.
Тренерот на ФК „Превалец“ Димче Маневски по натпреварот изјави:
“Одигравме перфектно прво полувреме. Се функционираше како што само може да се посака. Стрелците беа прецизни, средниот ред одличен а во одбраната се одигра цврсто. Во вториот дел очекувано за нашиот менталитет се опуштивме. Примивме два и постигнавме еден гол. Гледачите видоа убав натпревар и девет гола. Честитки до сите играчи за покажаното“
На табелата „Превалец“ е втор со 35 бода, три помалку од лидерот екипата на „Вардар“ од Неготино. Во следното коло на игралиштето во „Превалец“ гостува екипата на „Обршани“.
Лазар Лазаревски