Почна литургијата на помирување во храмот на Свети Сава: Се собраа голем број верници (видео)
Објавено на 19 мај, 2022 во 10:10
Во храмот „Свети Сава“ во Белград денеска во 9 часот започна литургијата на помирување на Македонската православна црква и Српската православна црква. Македонските владици во Белград беа пречекани со биење на камбани.
Иако е работен ден, во Храмот се собраа голем број верници.
Српската православна црква претходно најави дека со литургијата на помирувањето ќе се обнови литургиската и канонската заедница на двете сестрински цркви, согласно одлуката на Парламентот на Српската православна црква.
Во делегацијата на МПЦ се Архиепископот Стефан, Митрополитите Петар, Тимотеј и Наум, епископот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот Свети Наум во Охрид и Архимандритот Агатон од манастирот Свети Пантелејмон во Скопје.