Кавадарци и Неготино добија нова противпожарна опрема (ВИДЕО)
Противпожарните единици во Кавадарци и Неготино добија нова опрема преку проект за меѓу општинска соработка кој се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој.
Новата професионална опрема која се состои од 22 одела за пожарникари, интервенциска опрема и нуркачка опрема со моторен чамец беше официјално предадена во употреба денеска, на Денот на пожарникарите кој се одбележува во земјава.
Во Кавадарци по повод денот на пожарникарите традиционално се одржа и парада на десет противпожарни возила.
„Примарна цел на проектот е зајакнување на капацитетите на двете општини преку воспоставување на меѓуопштинска соработка како и зајакнување на капацитетите на двете територијални противпожарни единици на полето на менаџирање и справување со кризи и цивилна заштита“, изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
УНДП во изминатите неколку месеци, преку своите проектни активности, поддржа 17 територијални противпожарни единици низ целата држава со донација на теренски возила, лична интервентна заштитна опрема, колективна интервентна опрема, нуркачка опрема и специјални дронови.
Aнгел Данов