ЕУ привремено ги суспендира царините за украинските производи
Објавено на 25 мај, 2022 во 10:01
Советот на Европската унија, кој претставува 27 земји-членки, одобри укинување на царините за увоз на стоки од Украина на една година со цел да и помогне на економијата на таа земја поради руската инвазија.
Мерката, предложена од Европската комисија на 27 април, беше одобрена од Европскиот парламент на 19 мај.
Укинувањето на царините ќе ја олесни трговијата со Украина по руската инвазија и ќе и помогне на нејзината економија.