Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан со круна стара 400 години (фото)

Објавено на 5 декември, 2022 во 11:38

Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај следната година, а кралското семејство објави фотографија од круната со која ќе биде крунисан.

Станува збор за круната на Свети Едвард која е стара речиси 400 години.

„Кралот ќе биде крунисан со круната на свети Едвард за време на службата за крунисување на 6 мај 2023 година“ – напишаа тие.

Дел од Британците се бесни бидејќи кралското семејство ќе организира крунисување во време на криза и инфлација.

„Убава круна, но јас седам во мојот стан во капут“, „Не сте нормални, луѓето се смрзнуваат, а вие организирате крунисувања“, „Не ми се верува што се случува, никогаш не сме биле во поголема криза, луѓето немаат парно, а вие ја работите оваа работа, вратете ги парите на народот“, пишуваат дел од Британците.

Некои со нетрпение го очекуваат крунисувањето и веруваат дека новиот крал и кралица ќе внесат малку гламур и радост во тажното секојдневие на Британците.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.