Пет намирници кои не треба да ги внесуваме на празен стомак

Објавено на 5 јануари, 2023 во 12:06

Начинот на кој го започнуваме денот може да има големо влијание на нашата состојба, како и на нашето расположение во текот на денот.

Познатата нутриционистка Рујута Дивекар вели дека денот никогаш не треба да се започнува со чај и кафе, пренесува „NDTV“.

Ова може да биде шок за некои кои едноставно не можат без утринска шолја чај или кафе откако ќе станат од кревет, а за некои овие пијалоци дури помагаат при редовно празнење на дебелото црево.

Сепак, за многу други, чајот или кафето на празен стомак може да доведат до непријатни киселини, мачнини и дехидрација, предупредуваат експертите.

Според нутриционистката Дивекар, најздрав начин да го започнете денот би било да јадете грст бадеми или некои други јаткасти плодови на празен стомак.

Потоа може да следи чаша млака вода, па дури потоа препорачува шолја чај или кафе.

Но, има и намирници за кои таа тврди дека освен кафе и чај, никогаш не треба да ги консумираме на празен стомак и тоа се:

-газирани пијалоци
-зачинета храна
-ладни пијалоци
-суров зеленчук
-агруми

Сега кога ја имате целата листа, време е да почнете да ги избегнувате.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.