Во последните пет години, најголем одзив на првата крводарителска акција во Велес
Вкупно осумдесет и шест крвни единици се собрани на првата крводарителска акција за 2023 година којашто се одржа вчера, 15 јануари, во просториите на велешкиот театар „ЈКХ – Џинот“. Од велешки Црвен крст соопштија дека оваа бројка на собрани крвни единици, за прва зимска крводарителска акција, е најголема во последните пет години, со што велешани и граѓаните од околните места повторно ја докажаа својата хуманост.
Од вкупниот број на крводарители, 19 се жени и двајца велешани за прв пат даруваа крв и станаа дел од најголемото хумано семејство.
-Акцијата заеднички ја оганизиравме со Институтот за трансфузиона медиција од Скопје помогнати од велешкиот театар „ЈКХ – Џинот“. За време на крводарителската акција учествуваа седуммина волонтери од Клубот на млади, соопштија од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес.
Годишниот план за дарување е 1861 крвдна единица. Истиот број е поврзан со бројот на жители како во Велес така и во Градско и Чашка. Од Црвен крст Велес додаваат дека е можно ревидирање на бројките бидејќи резултатите од пописот се разликуваат.
Стефани Манева