МВР: 199 санкции за брзо возење
Објавено на 7 март, 2023 во 16:03
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 199 возачи.
-Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 108 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 91 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Дума.мк