Граѓаните до крајот на годината треба да ги сменат документите со новото име на државата
Објавено на 16 мај, 2023 во 14:31
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека граѓаните имаат рок до крајот на годинава да ги сменат личните документи со новото име на државата.
Во однос на цените, ние објаснивме дека за 90 проценти се зголемени цените на репроматеријалите и затоа направивме зголемување кое што не е големо, имајќи предвид дека утврдивме два вида на цени. Оние кои ги менуваат пасошите на пет години, значи до 27 години, имаат иста цена на услуги, додека за остатокот имајќи предвид дека е 10 години важечкиот документ, цената е зголемена незначително за да можеме практично да ги остваруваме тие функции, одговори министерот на новинарско прашање до кога треба да се сменат документите и зошто е поскапена услугата.
Дума.мк