Пожарникар се здобил со тешки телесни повреди на работа
Објавено: 6 јуни, 2023, во 10:22 часот
Четириесет и четири годишниот Б.М од село Тимјаник, неготинско, во неделата, на 4 јуни, се здобил со тешки телесни повреди, според пријавеното, здобиени на работното место во Територијалната против пожарна единица Неготино.
Министерство за внатрешни работи соопшти дека случајот го пријавиле од Општа болница Кавадарци, на 4 јуни, во 14:35 часот во Полициска станица Кавадарци.
Оттаму додаваат дека бил извршен увид.
Дума.мк

