Спасовски: Бележиме пораст на заплените со оружје и муниција за 20 отсто
Објавено на 17 август, 2023 во 11:19
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави видео со податоци како изгледала борбата против недозволена трговија со оружје во првите шест месеци од 2023 година.
Се бележи пораст на заплените со оружје и муниција за 20%, а зепленети се и 2 парчиња оружје и 39.345 парчиња муниција оваа година, објави Спасовски.
-Откриени се 76 кривични дела, сузбиена 10-члена поликриминална организирана криминална група, кривично пријавени 90 сторители. Запленети се и 72 парчиња оружје и 39.345 парчиња муниција, се наведува во објавата на фејсбук статусот на Спасовски.
Дума.мк